сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 60
home Скопје

Котлар: Центар ќе добие иновативен парк за младите и 4 градинки, ќе обезбедиме и дневен престој за деца со посебни потреби со стручни лица

Котлар: Центар ќе добие иновативен парк за младите и 4 градинки, ќе обезбедиме и дневен престој за деца со посебни потреби со стручни лица

Нашите столбови за базираат на јавниот интерес, како градба на градинки, иновативен парк за младите да ги задржиме во општината и државата и тоа се реални проекти и шанса за дејствување на младите, изјави кандидатката за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Центар, Наташа Котлар во дебатата на „Анализа“ на Телевизија 24.

Котлар додаде дека покрај тоа фокусот ќе биде во стимулација на култура, образование и стипендирање во полето на образованието, но и социјален живот и се разбира енергетско ефикасни и зачувување на животната средина.

Во однос на градинките Котлар во својата програма има предвидено 4 градинки, но и простор за децата со посебни потреби каде со нив ќе работат стручни лица за да може да развиваат вештини.

– Ние имаме предвидено 4 градинки со можност градинката „13 Ноември“ и таа да се прошири. Сметаме дека треба да се работи домаќински, детектиравме објект кој веќе постои и истиот може да биде искористен и како градинка, а исто така, останатиот дел од објектот да се искористи за дневен престој на деца кои имаат посебни потреби. Сакаме семејствата да бидат спокојни барем кога се на работа родителите децата да имаат дневен престој и со нив да работат логопеди, дефектолози, психолози, социјални работници за тие деца да можат да ги развиваат своите вештини бидејќи и тие деца имаат свои вештини, рече Котлар.

Во однос на соработката со другите советнички листи, таа нагласи дека општината треба функционално да дејствува и на таа линија се и независните советници кои беа дел од претходниот состав, кога решија да дејствуваат како независни, а и тие се залагаат за онаа нелогичност околу деталните урбанистички планови.

– Да се стави стоп на нерегуларното градење во Центар, бидејќи ако земеме во предвид само во 4 години има 179 градби кои се никнати иако беше „прогласен“ мораториум, а ако земат 8 години заедно со периодот на Жерновски тоа се 489 дозволи за градба кои создаваат проблеми, изјави Котлар.

Коронавирус