четврток, 6. август 2020. Вести денес: 172
home Скопје

Костовски: Суров непотизам во општина Бутел

Костовски: Суров непотизам во општина Бутел

СУРОВ НЕПОТИЗАМ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Дали градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ќе биде доблесен и ќе ни каже колку вработени и советници во Општина Бутел се негови блиски роднини?

Исто така да ни каже колку вкупно вработени во општината се блиски роднини на претседателот на совет, заменик градоначалникот и разни државни и партиски функционери на СДС?

П.С Жешко лето за Општина Бутел

Можеби има теми за разгледување како на пример: Незаконско узурпирање на државно земјиште во Бутел при што општината е нема, криминални спреги помеѓу високи припадници на МВР со општинските власти, секако припадници поставени во времето на СДС, и неколку други интересни теми, поинтересни од наведените

Коронавирус