понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Скопје

Костовски: СДСМ и Смилевски се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Костовски: СДСМ и Смилевски се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Човек да не знае како да изреагира, не ми е јасно како некој без грам осет така лесно може да лаже и да се кити со туѓи перја, уште полошо е тоа што Смилевски и СДС мислат дека граѓаните на Бутел се со кратко памтење.

?Прво и најважно овој проект булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел е проект на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот Градоначалник на Скопје Коце Трајановски.

?Второ овој проект требаше да заврши во 2019 година, беше намерно закочен од страна на СДС со цел народот да заборави и да помисли дека ова е проект на СДС.

?Трето за време на ВМРО-ДПМНЕ веќе беше целосно завршена првата фаза од булеварот.

Во прилог на статусов има две фотографии, првата од денешната груба лага на Смилевски, втората од 26 септември 2017 година односно завршувањето или свеченото пуштање на првиот дел од проектот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел.

Ова е добро познатиот стил на СДС, груби лаги, манипулации и неспособност да изградат нешто свое и достоинствено да се пофалат.
Затоа македонскиот народ ги прочита и грубо ќе ги казни на парламентарните избори кога и да се случат !

П.С Во три години локална власт се пофаливте со еден проект и тој е на ВМРО-ДПМНЕ?

#Резил

Фејсбук статус на Дарко Костовски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел

Коронавирус