понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 141
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Скопје

Костовски до Заев: До каде е водоводот во Љуботен, го излажавте народот

Костовски до Заев: До каде е водоводот во Љуботен, го излажавте народот

На вчерашната седница на собранието на Република Македонија, пратеникот Дарко Коствоски од општина Бутел повторно го отвори прашањето за еден од најголемите проблеми во Општина Бутел и тоа со директно прашање кон премиерот Зоран Заев. Костовски прво го запраша премиерот Зоран Заев.

„До каде е водоводот во Љуботен кој вие лично им го ветивте на граѓаните неколку дена пред локалните избори? Дали за ваков соживот правимиме муабет бидејќи деновиве верувам сте информирани во Љуботен се случува бунт?“

Во својата контра реплика кон премиерот Зоран Заев поради немање на соодветен одговор на поставеното прашање, Коствовски пред премиерот Заев го одговори прашањето.

„Проектот беше ветен лично од вас дека ќе биде завршен до 2020 година а на некоја од наредните седници ќе ја донесам програмата на Велимир Смилевски, градоначалникот на општина Бутел да видите дека е ветен дека водоводт ќе биде завршен до 2020 година, а тука немате ни проект“

Проблемот со водоснабдување на село Љуботен е голем. За време на летниот период и по два месеци нема вода во селото а жителите се приморани да полнат вода на селските чешми. За овој проблем апелираат голем борој на жители а револот е навистина голем поради лажните ветувања од страна на локалната и централната власт.

Мештаните неколкупати истакнаа во изминатиот период дека го дале гласот за ова ветување да имаат вода во нивните домови, но вода нема. Потенцираат и дека сегашниот градоначалник на општина Бутел Велимир Смилевски со гласовите на овие жители дојде на чело на општината.

 

Коронавирус