недела, 20. септември 2020. Вести денес: 50
home Скопје

Костовски: Дневна доза од лудориите со лажни ветувања на Велимир Смилевски (ВИДЕО)

Костовски: Дневна доза од лудориите со лажни ветувања на Велимир Смилевски (ВИДЕО)

Дневна доза од лудориите со лажни ветувања на Велимир Смилевски. Видеово е снимено во 2018 година, пред цели две години Смилевски собра еден куп луѓе во општина и презентираше проекти за изградба на две нови градинки во општина Бутел во кои како што говори овој снимен материјал градинките ќе биле со театар, кино и базени, објави на својот Фејсбук профил Дарко Костовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува неговиот ФБ статус:

„Човек не знае дали да се насмее или тагува, зошто волку лаги !? Зошто волку понижување на жителите на општина Бутел !?

Велимир, на бутелчани не им требаат базени, театри и кина во твоите лажни фикции за програмски ветените градинки, на бутелчани им требаат нови стандардни градинки. Состојбата во градинките е алармантна, нема место а капацитетите се преполнети.

Ниту еден капитален проект ветен во предизборната програма на Смилевски не е реализиран, поминаа три години од мандатот на “градоначалникот” Смилевски, чувството на жителите на Бутел е дека во нашата општина нема градоначалник“.

Коронавирус