вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 50
home Скопје

Костадинова: СДСМ во предизборието ветуваше чиста и еколошки здрава општина, а се што добија граѓаните е само уште една ноторна лага на Темелковски и партијата

Костадинова: СДСМ во предизборието ветуваше чиста и еколошки здрава општина, а се што добија граѓаните е само уште една ноторна лага на Темелковски и партијата

Општина Кисела Вода се дави во ѓубре. СДСМ во предизборието ветуваше чиста и еколошки здрава општина, а се што добија граѓаните на општината е само уште една ноторна лага на Темелковски и СДСМ. Темелковски вети еколошки чиста општина, ефикасен одвоз на смет, чисти улици и намалено загадување. Еве како што може да видите се што Темелковски кажа, излажа, истакна Даниела Костадинова, советник во Советот на Општина Кисела Вода.

-Веќе со недели, цела Кисела Вода тоне во отпади, диви депонии и сведок на тоа е и оваа локација на која што го одржуваме денешниов прес. Поплаките на граѓаните се секојдневни, а постои и сериозна опасност од ширење на заразни болести. Темелковски и самиот во својата програма напиша дека контејнерите преполни со смет претставуваат опасност која може да предизвика ширење на зарази, а сега кога седна во својата фотелја очигледно заборави каква опасност за граѓаните тоа всушност претставува, истакна Костадинова и додаде:

„Ѓубре има насекаде по улиците и тротоарите, по парковите и зелените површини на местата каде нашите и вашите деца си играат и секојдневно поминуваат. Неспособноста на Темелковски и луѓето околу него е очигледна за сите. Неговата неспособност го загрозува здравјето на сите граѓани, а ваквата нехигиена на јавниот простор може да предизвика сериозни здравствени нарушувања кај граѓаните од општината“.