среда, 2. декември 2020. Вести денес: 184
home Скопје

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје ќе се задолжи со 12 милиони евра за изградба на луна паркот

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје ќе се задолжи со 12 милиони евра за изградба на луна паркот

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ денеска објави пост на Фејсбук во кој пишуваат дека град Скопје ќе се задолжи дури 12 милиони евра за изградба на луна паркот.

ДАЛИ НАЈГОЛЕМ ПРИОРИТЕТ НА СКОПЈЕ Е ЛУНА ПАРКОТ?

Град Скопје за изграба на луна парк ќе се задолжи дури 12.000.000 евра!
Оваа неверојатна вест се коси со сите досегашни изјави на градскиот татко. Ако со исмевање и иронија се зборуваше за првичната идеја за луна парк, сега идејата доживеала еволуција, па за неа Град Скопје секое семејство ќе го задолжи со нови 100 евра.

Меѓутоа, небулозата не завршува овде.

Се‘ уште не сме го виделе тунелот под Кале, големиот ринг околу Скопје, новите булевари, паркови, намаленото загадување за 50%…
Се‘ уште градоначалникот на Скопје не може да обезбеди 2-3 милиони евра за завршување на бул. Борис Трајковски, низ кој минуваат 40.000 граѓани…
Но, очигледно има визија како да земе кредит од 12.000.000 евра, да даде уште 3.000.000 од градската каса и со нив да ја манипулира јавноста. Исто како визијата за продажба на градската куќа и тендерот од 1.200.000 евра за зимско одржување, во година кога нема снег!

Од набројаното се нижат многу прашања.

Дали можеби Петре Шилегов има некаков бизнис интерес со овој луна парк?
Зошто се поништи претходниот проект кој беше поевтин дури два пати?
И за крај, зошто луксузот на Петре да го плаќаат граѓаните?

Коронавирус