петок, 23. јули 2021. Вести денес: 173
home Скопје

Колариќ: Со оставен готов проект сега требаше да сечете црвена лента за завршување, а не сликање пред камери за отпочнување со последна фаза на „Борис Трајковски“

Колариќ: Со оставен готов проект сега требаше да сечете црвена лента за завршување, а не сликање пред камери за отпочнување со последна фаза на „Борис Трајковски“

Како бре не ви е СРАМ!!! Со готов проект оставен од претходниот градоначалник, сега требаше да сечете црвена лента за завршување на истиот, а не сликање пред камери за отпочнување со последна фаза на бул.Борис Трајковски, вели Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје.

-До март 2021 не ви паѓаше на ум да отпочнете со градба сега сте се наредиле пред избори за сликање.
Но можеби и во право сте, доколку го реализиравте проектот ќе немавте пари да ги платите клупите од 33 000 денари, штитниците за садници од 6 000 ден, жардињери од 60 000 денари, скала од 1.7 милиони евра, зелен кров од 1 милион евра и над 300 партиски џаболебари вработени во трули бараки.
Туку да ве прашам, до каде се договорите за експропријација на имотите крај патот?
Нели Коце Трајановски беше тој што градел без да заврши со решавање на имотно правни проблеми или тоа за пред јавност да се истакнеш колку си домаќински настроен???
Што ќе биде со детското игралиште?
Кога ќе заврши изградбата, брзооо – не асфалтираш двор на викендица та да е брзо алооо???
Се надевам дека сите слоеви на асфалтот ќе бидат застапени и нема да биде како Бутелска или патот до Три Круши🤨???
Ех море Петре да ги прифатеше моите амандмани минативе 3 години и сега да се сликаше на мостот Драчево со реализиран проект те уверувам ќе земеше плус гласови за изборите, но сега, сега во жешково, со летна прашина, гужви, нерешена експропријација можеш само да се сликаш и да си спомнуваш во пензионерските денови кои ти следуваат
” можев многу повеќе” но решив да уживам во градоначалничкиот мандат и да продавам воздух и магла, пишува Колариќ на Фејсбук.

Коронавирус