четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 125
home Скопје

Колариќ: Со новиот ребаланс на буџетот, предлагачот Шилегов ќе ги замачкува очите на граѓаните пред избори

Колариќ: Со новиот ребаланс на буџетот, предлагачот Шилегов ќе ги замачкува очите на граѓаните пред избори

Советничката на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ на денешната седница за ребалансот на буџетот, истакна дека очекувала предлагачот, односно градоначалникот да одвои пари во буџетот од кои граѓаните ќе видат аир.

-Очекував средства за реконструкција на водоводната мрежа во Љубанци и Љуботен, бидејќи нечовечки е жителите да кукаат за вода во 21-ви век. Очекував нови канти за ѓубре, нови контејнери, нова училишна зграда за средното училиште во Драчево и така натаму. Но, вие го изготвивте предлог буџетот за да се замачкаат очите на граѓаните пред избори, рече Колариќ.

Како не ви е срам, продолжи таа да напишете дека ќе се заштити животната средина во даденото образложение, кога ниту еден проект не е поврзан со секторот за заштита на животна средина.

-Сигурно не мислел градоначалникот односно предлагачот дека дотур на средства за нова година преставува и капитален проект. Се потврди дека секторот за локален економски развој ништо не работи и дека повторно вадите 21 милион денари и повторно докажавте дека најмалку е значаен овој сегмент. Секторот за комунални работи повторно го товарите со 173 милиони денари, претворени во субвенции за јавни претпријатија во кои што всушност вие планирате предизборни партиски вработувања, меѓутоа и илјадници садници кои што ги купувате, а кои уште не засадени се исушени. Но, од друга страна се збогатија и се позлатија струмички фирми, изјави Колариќ.

Секако, посочи советничката повторно одвојувате пари за непресушниот бунар – чистење на коритото на реката Вардар.

-Во делот сектор за јавни дејности, повторно го отворате проектот за реконструкција на Универзална сала, иако “славејчињата” требаше да ги чуеме уште првата година кога дојдовте на власт. Треба јавно да кажете дека реконструкцијата нема да заврши оваа година и дека внатрешниот редизајн ќе трае неколку години.

Доблесно е, рече таа градоначалникот Шилегов да каже дека и проектот Градска куќа ви се удри од глава како бумеранг.

-Оваа администрација четири години ја оставивте во стари, дотраени и мувлосани бараки, на минусни температури, во услови на пандемија, а сега и на тропски температури. Ја продадовте градската куќа за 13 милиони евра, за да сега во развојните програми повторно ја ставате како проект и ќе ја плаќате во наредните 3 години, истакна Колариќ.

Коронавирус