вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 80
home Скопје

Колариќ: Шилегов потроши 1 милион евра пари на граѓаните за чистење на снег кој го нема

Колариќ: Шилегов потроши 1 милион евра пари на граѓаните за чистење на снег кој го нема

Петре Шилегов потроши 1 милион евра пари на граѓаните за чистење на снег кој за жал се уште го нема. Петре Шилегов во име на Град Скопје склучил договор за изнајмување на опрема за чистење на снег за 2020 и 2021 година во висина од 1 милион евра. Според договорот кој го потпишал Шилегов станува збор за изнајмување на 15 машини, кои според договорот имаат обврска за чистење од 40 часа месечно, се што ќе биде над тоа ќе се плаќа дополнително од страна на градот, изјави Светлана Колариќ, советник во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Колариќ потенцираше дека Петре Шилегов наместо да ги троши парите на граѓаните за чистење на снегот кој не падна можеше да купи 5 нови машини за чистење на снег кои ќе бидат во сопственост на градот и ќе можат да бидат користени повеќе години.

-Шилегов не работи домаќински. Шилегов го раскрчмува едноставно градот. Шилегов и Заев се виновни за целиот криминал, корупција и рекет. Шилегов и Заев се виновни за сите порази и сите понижување кои ги доживуваме. Несоодветното трошење на парите на граѓаните ќе заврши на 12-ти април. Но по 12-ти април ќе има верувајте одговорност за се, подвлече советничката Колариќ.