петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Колариќ: Шилегов нема решение за проблемите со водоводот во Љубанци и Љуботен, ниту пак знае до каде се ветените проекти кои граѓаните ги очекуваат

Колариќ: Шилегов нема решение за проблемите со водоводот во Љубанци и Љуботен, ниту пак знае до каде се ветените проекти кои граѓаните ги очекуваат

На денешната седница на Советот на Град Скопје предвидена за советнички прашања се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ која што постави три прашања до градоначалникот и администрацијата на Град Скопје.

Како прво прашање Колариќ го наведе загарантираното право на човекот да има вода за пиење, што како што таа вели одреден период е ускратено во многу скопски населби и села поради немарноста и неангажираноста на Шилегов за ревитализација на водоводната мрежа. Најпогодени во изминатите десетина дена се жителите на скопските Љубанци и Љуботен кои немаат вода за извршување на секојдневните потреби, ниту пак за пиење.

Колариќ додаде дека овие две села се на само петнаесетина километри од центарот на градот Скопје, што претставува поразителен факт за тоа колку на Шилегов не му е грижа за потребите на скопјани.

Во 2019 година Град Скопје примил средства како донација за студија на тематски забавен парк од страна на италијанската фирма Бауса. Деталите, како и самата студија не се објавени на сајтот на Град Скопје, што покажува до кое ниво е нетранспарентноста на Шилегов во однос на реализацијата на предвидените проекти. Колариќ го праша Шилегов зошто крие од граѓаните за какви намени се трошат парите на градот и зошто досега тематските игралишта не се ни започнати?

Со одлука на Советот на Град Скопје, десетте скопски општини зедоа одговорност да исплаќаат по 32 илјади евра, се со цел да заживее и да се разработи јавното претпријатие “Лајка”. Колариќ го запраша Шилегов дали сите општини го испочитувале договорот, односно одлуката на Советот на Град Скопје и кои се реперкусиите кои што ќе ги сносат оние општини кои што не ги исплатиле средствата?

Колариќ напомена дека во однос на сите три точки, градоначалникот ниту знае што се случува, ниту пак пројавува желба за решавање на проблемите на граѓаните. За Шилегов не се важни ниту жителите на Љубанци и Љуботен, ниту тематските забавни паркови, ниту пак обврските кои што тој сам ги дал на општините за помагање на градот во однос на поддршката на ЈП “Лајка”.

-Наместо лаги и манипулации скопјани заслужуваат многу повеќе. На градот не му е потребен човек кој е лажго и манипулатор, туку човек со јасна визија и цел. Токму затоа на локалните избори во октомври ќе се потврдат резултатите од досегашните анкети, а тоа е дека Петре Шилегов ќе си замине од градоначалничката фотелја. Уште само три месеци и скопјани ќе имаат шанса да одберат човек кој со енергија, знаење и чесна намера ќе го врати градот на нивото на кое заслужува, порача таа.

Коронавирус