сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Скопје

Колариќ: Колку време е потребно на градоначалникот на Скопје и неговиот колега од општина Чаир да го решат дивиот премин?

Колариќ: Колку време е потребно на градоначалникот на Скопје и неговиот колега од општина Чаир да го решат дивиот премин?

Едно од моите советнички прашања на денешната седница на Совет на Град Скопје беше:
Колку време е потребно на градоначалникот на Скопје и неговиот колега од општина Чаир да го решат дивиот премин? Дали не се доволен показател сообраќајни незгоди, удрени пешаци и жртви? Дали е нормално да зборуваме за диви премини во 2021 година во централно градско подрачје со огромна фреквенција на возила и граѓани?, вели советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ.

-Овој пат Градоначалникот го снема! Дали поради технички проблем? Дали поради игнорантскиот однос кон мене? Дали поради игнорантски однос кон многу голем проблем за граѓаните и држејќи го концептот цитирам „Никад да не ме гласате“? Дали можеби причината е незнаење на одговорот? Дали е во прашање коалиционен договор но со акцент на бизнис интерес на еден стопанственик во близина на пазарот??? Времето ќе ја изнесе вистината на виделина! Моето е да им служам на граѓаните и да ги канализирам нивните барања и поплаки до главниот на градот убав, пишува таа на Фејсбук.

Коронавирус