сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 28
home Скопје

Колариќ: Кисела Вода е хендикепирана општина и општина под стечај откако СДСМ одби 9 амандмани на Советот на град Скопје

Колариќ: Кисела Вода е хендикепирана општина и општина под стечај откако СДСМ одби 9 амандмани на Советот на град Скопје

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје Светлана Колариќ денеска поднесе девет амандмани за подобрување на условите во Кисела Вода, но СДСМ ги отфрлила сите амандмани.

-Почитувани жители на Кисела Вода,
денес на Седница на совет во град Скопје поднесов 9 амандмани во дослух со Вас, бидејќи се согласивме дека се неопходни за нормално функционирање на секојдневниот живот во општината и градот.
За жал ниту еден амандман не доби подршка од СДСМ и коалиционите партнери.
Во 2019 година нема пари за:
Завршување на четврта фаза Булевар Борис Трајковски, Мост на Маркова река на влез во Драчево реконструкција и трета лента, Изградба на Пожарна станица Кисела Вода, Изградба на нова улица која ќе ги спои Кисела Вода и Аеродром, Атмосферска канализација на Усјански канал, Јавен тоалет во централно градско подрачје, Дрворед покрај Вардар од Аеродром до Ѓорче Петров, Субвенции за електрични скутери, Пошумување на Водно во источниот дел над Кисела Вода.
Наздравје Живот.
Кисела Вода хендикепирана општина, општина под стечај, стои во статусот на Колариќ.

Коронавирус