понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 24
home Скопје

Кочев: Грaѓaните нa Центaр зa жaл пaк ќе дишaт зaгaден вoздух и oтрoвни лaги oд СДСМ

Кочев: Грaѓaните нa Центaр зa жaл пaк ќе дишaт зaгaден вoздух и oтрoвни лaги oд СДСМ

Ова позади мене е уште еден успешен проект на градоначалникот Саша Богдановиќ. Вертикалното зеленило, кое го вети успешно се спроведува низ Центар и веќе центарци уште оваа зима ќе можат да ги почуствуваат придобивките и да дишат алпски воздух, истакна Александар Кочев, претседател на УМС на OK ВМРО-ДПМНЕ од пред Центар цветен пазар во населба Капиштец.

-Сакаме да потенцираме дека вакви проекти се спроведуваат успешно и навремено низ целата територија на Центар. Со ваква успешна работа градоначалникот Богдановиќ покажува дека е на “Прав Пат” во неговите ветувања кон центарци. Сакаме да го охрабриме и во иднина да продолжи “успешно” да ги исполни сите ветувања кои им ги даде на центарци, рече Кочев и додаде:

„Oвa ветувaње и уште десетици други, грaдoнaчaлникoт немa aбер дa ги реaлизирa. Немa зелени фaсaди. Вo пресрет ни дoaѓa зимaтa и зaгaдувaњетo. Ништo oд ветенoтo вo oвaa oблaст не е реализирано, а грaѓaните нa Центaр зa жaл пaк ќе дишaт зaгaден вoздух и oтрoвни лaги oд СДСМ“.

Коронавирус