четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Коце Трајановски со предлог мерки до Град Скопје и општините

Коце Трајановски со предлог мерки до Град Скопје и општините

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, предлага неколку мерки.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Со оглед на тоа што 8 години бев градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС и поминав низ многу кризи како што се поплави, земјотрес, големи пожари , студени зими и слични ситуации, би сакал да дадам мој придонес во спречување на ширење на вирусот КОВИД 19.

Мој предлог се неколку мерки кои сметам дека треба да ги преземат Град Скопје и општините во градот Скопје.

1. Кризниот штаб на град Скопје во кој членуваат градоначалникот на град Скопје како командант на штабот, градоначалниците на скопските општини, директорите на јавните претпријатија, раководителите на виталните сектори во градот, вклучително и на Пожарната, претставници од МВР, АРМ, ДЗС, ЦЗС, Министерот за здравство да заседава секој ден и да ја информира јавноста за заклучоците и нивната реализација
2. Да се побара помош за опрема и медицински персонал од збратимените градови, Нанчанг-Кина, Дрезден-Германија, Темпи-САД и Истанбул-Турција
3. Дезинфицирајте ги улиците , плоштадите и другите јавни површини со специјалните цистерни на ЈП Комунална Хигиена, ЈП Водовод и Канализација, ЈП Паркови и Зеленило и цистерни од Противпожарната заштита, со специјални средства, а не само со вода. Дезинфицирањето да биде плански направено во сите општини од градот. Исто така да се дезинфицираат катните гаражи и паркинзите.
4. Да се контролираат сите градилишта строго да ја почитуваат препораката, камионите и возилата кои излегуваат од градилиштата да бидат со измиени и дезинфицирани тркала. Сè уште има градилишта кои не се придржуваат кон оваа мерка. Вчера бев на бул. Босна и Херцеговина и видов дека при излегување камионите прават огромна прашина. Слично е и со камионите кои излегуваат од Скопски саем. Ако вирусот според епидемиолозите најдолго се задржува на асфалт, во Скопје имаме повеќе потенцијални жаришта.
5. Вработените во ЈП Комунална Хигиена кои собираат смет да се опремат со заштитна опрема – скафандери, маски и ракавици, а исто така да се дезинфицираат контејнерите и кантите за смет.
6. Да се направат тестови на вработените во Град Скопје и во јавните претпријатија кои се изложени на контакти со странки или работат на чистење и собирање на сметот
7. Да се разгледа можноста да се забрани задржување во градскиот парк и другите паркови во Скопје
8. Град Скопје да даде предлог до банките за задолжително дезинфицирање на банкоматите
9. Да се задолжи Скопски пазар да врши секојдневна дезинфекција на пазарите со специјални средства, не само со вода. Доколку се влоши состојбата пазарите да работат само 2 дена во неделата во строго контролирани услови
10. Редуцирајте го јавниот превоз на минимум, а секој што ќе влезе во јавен превоз да има маска и ракавици. Дезинфицирајте ги автобусите два пати дневно. На секоја автобуска да има средство за дезинфекција
11. Да се забрани неформалното собирање на пластика како еден од можните начини на пренос на вирусот
12. Поставете на булеварите текстилни платна со течност за дезинфицирање на гумите на возилата
13. Ослободете ги фирмите од фирмарина за 2020 година, а на граѓаните преполовете им го данокот на имот
14. Помош за Црвениот крст и во финансиска смисла и со човечки ресурси за да се помогне на старите лица и ризичните групи
15. Наместо користење на јавен превоз апелирајте за користење на велосипеди
16. Да се побара простор за изолација на заразените од корона вирусот
17. Да се активира Единицата за хемиско -бактериолошка заштита која е во рамките на Противпожарната Заштита на Град Скопје, а која е опремена и обучена со странска помош пред 3 до 4 години

Да придонесеме сите, секој колку што може, оваа состојба да ја надминеме побрзо.

Коронавирус