вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 3
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Скопје

Ќе станат кафулиња: Се затвораат читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“

Ќе станат кафулиња: Се затвораат читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“

Општина Центар ги затвора читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со фонд од околу 3.000 донирани книги, затоа што нема предвидено пари за таа намена во буџетот за 2019 година, пренесува „Фактор“.

Овие читални со голем ентузијазам од општината, уметниците и читателите беа отворени во 2015 година, а зачленувањето во истите, како и задолжувањето со книги беше бесплатно за љубителите на пишаниот збор.

Овие две читални не прават никаков трошок, затоа што самите книги ги донираат ентузијасти. Се плаќа само кирија, сметки и по еден вработен. Еве, разбрав дека сопственикот на локалот каде што е „Славко Јаневски“ ќе го издаде просторот за кафе-бар. Младите нека се изложат само на обложувалници и коцкарници, нема потреба да знаат дека постојат библиотеки. Ова е градено со месеци со голем мотив и сега наеднаш треба да згасне, вели иронично еден читател.

Прочитајте го целиот текст на „Фактор“.

Парламентарни избори 2020