петок, 21. септември 2018. Вести денес: 122
home Скопје

Ќе се прска ли конечно во Скопје против комарци?

Ќе се прска ли конечно во Скопје против комарци?

Ќе се прска ли конечно во Скопје против комарци? Од Град Скопје денеска преку ново соопштение информираат дека првата авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 07.07.2018 и на 08.07.2018 (сабота и недела), во раните утринските часови.

-Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, велат од Градот.

Инаку, од Град Скопје во понеделникот уверуваа дека од вторникот во периодот меѓу 23 и 4 часот, во Скопје ќе се спроведе првата фаза од прскањето против комарци.

Граѓаните пак, реагираат дека во месец јули, во Скопје не е испрскано против комарци ниту еднаш.