недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Ќе се подобруваат условите за возење на велосипед во Аеродром

На средбата што се одржа вчера, тие се договориле да се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.
Ќе се подобруваат условите за возење на велосипед во Аеродром

Соработка за изнаоѓање велосипедски инфраструктурни решенија со поставување вело-ленти и вело-патеки на општинските улици, нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите, како и одредување локации каде има потреба од поставување паркинг за велосипеди низ целата територија на општината, договориле градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин  и претставници од неформалното здружение „НаТочак“.

На средбата што се одржа вчера, тие се договориле да се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.

Било договорено и вклучување на градоначалникот и на вработените во акцијата за одбележување на интернационалниот ден Winter Bike to Work Day, на 9 февруари.

Коронавирус