недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Скопје

„Ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време?“

„Ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време?“

Петре Шилегов се посипува со пепел и го раскинува договорот со германската компанија Шолц која градот сам ја одбра да раководи со депонијата Дрисла, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скопјани не знаат кога да му веруваат на неработникот Шилегов, кога ја убедуваше јавноста дека Шолц се вистинскиот избор за стопанисување со Дрисла или сега кога го раскинува договорот со нив. Се работи за дистанца од само еден месец каде градот има дијаметрално спротивни ставови, и затоа неработникот Петре Шилегов треба да одговори дали зад ваквото раскинување стои неуспех за договарање на некаква провизија, познавајќи каков криминален октопод управува со државата, стои во соопштението и се додава:

„Петре Шилегов пред еден месец не ги слушаше апелите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека потребно е враќање на Дрисла на градот Скопје и распишување на нов избор за концесионер, тогаш арогантно тој одбиваше да ги прифати таквите позиции. Сега ќе понесе ли одговорност неработникот Шилегов за тоа што Дрисла продолжува без решение и е загубено драгоцено време. Шилегов не е способен да истера ниту една одлука ниту еден проект кој е од корист за граѓаните“.