Денеска се наоѓаме пред локација каде конкретно гледаме како СДСМ владее, едно ветуваа пред изборите, а друго прават по нив. Ветуваа сопирање на градбите и воведување на повеќе зеленило за граѓаните. Ние сме на местото каде владејачкото мнозинство во општината Аеродром донесе ДУП на еден шверцерски начин и Златко Марин експресно издаде дозволи за градење, ова во вестите на телевизија Алфа го изјави Пане Антовски Советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.
Тој додава дека во општината ќе никнат нови згради и според ДУПОТ предвидени се 80 илјади метри квадратни станбена површина.
-Со овој ДУП е предвидено и помалку од 2 проценти зеленило, а ветуваа се и сешто, вели тој.
Целиот разговор за Алфа погледнете го во днивникот кој се емитуваше во 14:30 часот.