сабота, 25. март 2023. Вести денес: 85
home Скопје

Казнети 96 возачи во Скопје, еве какви прекршоци направиле

Казнети 96 возачи во Скопје, еве какви прекршоци направиле

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17, 8 санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум санкции за користење на мобилен телефон и пет санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

loading...