понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 33
home Скопје

Казнети 177 возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Казнети 177 возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола, 30 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, 10 за непрописно престројување, 54 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Локални избори 2021