понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 78
home Скопје

Казнети 149 возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Казнети 149 возачи во Скопје, 52 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52, 14 санкции за возење без возачка дозвола, 18 за управување под дејство на алкохол, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за користење на мобилен телефон и три санкции на минување на затворен сигнал – црвено светло.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Коронавирус