сабота, 10. април 2021. Вести денес: 63
home Скопје

Каровски: Кој ќе одговара за кршењето на протоколите на Ковид 19 во градинката Калинка?

Каровски: Кој ќе одговара за кршењето на протоколите на Ковид 19 во градинката Калинка?

Како што се ближи датумот за локални избори во Република Македонија, така повеќето градоначалници од Социјал Демократскиот Сојуз во паника од тешкиот пораз кој им следува на изборите и немањето доволно време за реализација на вистински проекти, влегуваат во избрзани кампањи со реконструкции и други скромни зафати, при што воопшто не се води сметка за здравјето на граѓаните кое може да биде загрозено од пандемијата со вирусот ковид-19, истакна Александар Каровски, потпретседател на Ок на ВМРО-ДПМНЕ Газа Баба.

-Таков пример деновиве е и општина Гази Баба, каде градоначалникот Борис Георгиевски, после преспиени четири години, реши на крајно неодговорен начин, да ја отпочне кампањата за локалните избори.
Имено, заради реновирање на кујната во објектот Калинка на градинката Детска Радост, спроведено е преместување на групите на деца од објектот во Железара во објектите во Автокоманда, при што е направен нов распоред за сместување на децата. Со воведување на овој распоред, децата од Железара ќе бидат сместени во адаптирани канцеларии, при што ќе бидат спречени да ги извршуваат своите секојдневни активности. Уште поголем проблем е што дополнително зголемување на групите во објектите во Автокоманда ќе го зголеми ризикот за ширење на вирусот, рече Каровски и додаде:

„На веб страната на градинката се запишани бројките за опфат на деца кои се дозволени во време на пандемијата со Ковид 19. Во моментов тие бројки се многу поголеми од дозволеното, па го прашувае градоначалникот кој ќе одговара за ваквото кршење на протоколите и кој ќе одговара доколку се зголеми бројот на заболени деца и вработени во градинката? Дали групирањето и преместување на децата е оправдано и прифатливо? Дали ќе успеат воспитувачите и негувателките да ги спроведат сите протоколи за заштита од корона-вирусот? Зошто градоначалникот донесе одлука сега да се реновира ? Нели беше пологично да се реалзира ова реновирање во изминатиот период кога детските градинки беа затворени? Или повторно станува збор само за нов обид на градоначалникот за добивање политички поени пред истекот на мандатот. Грижата за здравјето и безбедноста на децата, секогаш треба да бидат на највисоко ниво. За жал градоначалникот на Општина Гази Баба и Социјалдемократскиот сојуз уште еднаш покажаа дека и во најтешките моменти за државата, не се воздржуваат од своите неетички кампањи“.

Коронавирус