понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 68
home Скопје

Капиталните лаги за општина Бутел на Велимир Смилевски

Капиталните лаги за општина Бутел на Велимир Смилевски

Капитални проекти или капитални лаги ?!

Почитувани граѓани на општина Бутел,одлучете сами.

Дојде време, дојде час да видиме во овие 4 год. што е пред, а што зад нас.

Ќе бидам многу краток и многу прецизен.

Во моето излагање ќе има малку сарказам,малку гнев и многу вистина.

Пред нас имаме една програма на СДС и нивниот тогаш кандидат, а сега градоначалник г-динот Смилевски.

Во неа има:

-многу капитални проекти
-многу инвестиции и
-многу желби

Но на крајот од овој 4 годишен мандат видовме само… капитални лаги.

Г-динот Смилевски со оваа програма, во изборниот циклус се шеташе, се фалеше, ја презентираше,
а на крајот сите ние видовме дека всушност само… лажеше.

Општина Бутел и сегашниот градоначалник ќе останат во нашата меморија како една неуспешна приказна со многу:

-криминал,
-корупција и
-скандал.

Општина Бутел е најнеразвиената и најзагадената општина во регионов, иако тоа не го посакуваме. Сепак тоа го гледаме-тоа го чувствуваме.

Во минатиот период презентиравме многу слики со многу смет и диви депонии.

Се прашуваме сите заедно, дали е ова наша заедничка иднина, судбина или што ?

Одговорот е многу јасен, г-динот Смилевски е наша заедничка трагедија.

Ајде да ја отвориме програмата и да видиме што се е таму напишано, како од клучните проекти така и од капиталните проекти, а што реализирано.

Капитален проект

1. ПОЛИКЛИНИКА БУТЕЛ

Цитат од изборната програма на сегашниов градоначалник:

“Општина Бутел,на чија територија живеат повеќе од 50 000 луѓе можеме да кажеме дека е единствена во Град Гкопје која нема поликлиника.”

Па ќе напише или му напишале, како и да е:

“Изградбата на поликлиниката е од витално значење на граѓаните од општината.Со самата изградба на проектот граѓаните ќе заштедат време и ресурси,а здравствените услуги ќе бидат подостапни за нив.

Реализација 2020.”

Потполно се согласувам со горе наведените цитати,точно напишано,поентирано, но за жал НЕ РЕАЛИЗИРАНО !

Ни беше ветена, ни беше презентирана, но најмногу од се ни беше ПОТРЕБНА!

Граѓаните ниту заштедија време,ниту ресурси, а уште помалку пари.

Ова од капитален проект стана една безобразна капитална ЛАГА.

Од лагата најмногу ќе ги боли оние кои веруваа во него, а од вистината ќе не боли сите.

За поликлиниката остана само пуста лага на градоначалникот и голема желба на граѓаните на општина Бутел.

Капитален проект

2. ГАСИФИКАЦИЈА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

Цитат:

“Спроведување на ваквиот проект е со ПРИОРИТЕТНА важност и за граѓаните и за индустриските капацитети.Доводот на поевтини реагенси ќе придонесе кон помало оптоварување на буџетот како на домаќинствата така и на стопанскиот сектор.Ќе се создадат предуслови за проширување на постоечките капацитети како и за нови инвестиции,а тоа значи и нови работни места.Рок 2020 год.”
Почитувани граѓани,

Гасификација-НЕМА !

Помало оптоварување на буџетите – НЕМА!

Но, затоа нови работни места има!

Да, има! Но, само во општината ,а повеќето не доаѓаат на работа и се терет на сите граѓани.

Капитален проект

3. ВОВЕДУВАЊЕ НА ПАРНО ГРЕЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА БУТЕЛ
Цитат :

” Овој проект е од суштинско значење на жителите на општина Бутел поради тоа што трошоците за загревање на домовите ќе се намалат за 50%и потрошувачката на електрична енергија драстично ќе се намали.

Особен ефект од ваквиот начин на затоплување на домовите ќе придонесе за унапредување на Општината Бутел во еколошки чиста средина.Рок 2018-2021.”

Г-дине Смилевски,мораш да признаеш ова е голем залак и за тебе, а преголем за твојата партија.

Можеби некои граѓани за миг ви поверуваа и го дадоа својот глас за вас, но ниту ним ниту на другите не им се намали потрошувачката на електрична енергија за 50% како резултат на гасификацијата,затоа што едноставно гасификација НЕМА!

А уште помалку Бутел е еколошки чиста средина.

Има уште!

Да, има! Но, што има ? ЛАГИ !

На пример:

ВОДОВОД ВО СЕЛО ЉУБОТЕН И ВО СЕЛО ЉУБАНЦИ

Овие жители се уште чекаат чиста вода за пиење.

Беше ветено, беше излажано!

Жителите на овие села ќе мора да причекаат и да се надеваат на следните 4 години,но со Смилевски веројатно уште 40.

Потоа:

УРЕДУВАЊЕ НА КОРИТОТО НА РЕКАТА СЕРАВА

Ќе направеле не само корито и не само од едната страна, од двете ќе било ,па и трим патеки, а пешачки мостови -комада два ,урбана опрема, клупи за седење и одмарање во доцните вечерни часови, со економични ЛЕД светла,абе штедлив да ти бил градоначалников,не е на одмет и некоја справа за вежбање да имало,па така да и тоа стои во програмава.

Се со цел да се социализирале жителите и да ги подобреле навиките за здрав живот.

Уф,ова навистина добро личи на хартија ,пардон во дигитална форма ми е програмава. Ете баксуз, ми се исклучи нешто. Среќа јас по стари навики си работам, па ја имам и на хартија, што е сигурно сигурно е.

Г.Смилевски, не е лошо да се прошетаме малку заедно со жителите покрај река Серава, та да видиме што убаини им направи, што велиш, а ?

Одиме понатака:

ПРОТИВПОЖАРЕН ПУНКТ ВО РАСАДНИК

Ќе обезбеди навремени и брзи интервенции во критичните ситуации.

Се разбира уште една капитална лага на г-динот Смилевски, а граѓаните на општина Бутел не им преостанува ништо друго, туку да се молат на Господ за помош.

Зелени пазари стојат во програмата , плоштад во населба Бутел 1, спортски центри, итн.итн.

Како беше народната?

„Со свој камен по своја глава“

Е,тогаш најмногу боли.

Да го прашаме г-динот Смилевски ,те боли ли?

Те боли ли фактот, што ги излажа граѓаните на општина Бутел?

Во очите на твоите пријатели,твоите роднини,твоите најблиски, си само уште една погрешна политика на СДС. Ова веројатно најмногу те боли.

Во сите овие години на владеење на градоначалникот Смилевски, зад секоја негова напишана капитална инвестиција или капитален проект,видовте и сами дека стои ,ништо друго туку само капитална ЛАГА.

Каде и да отвориме,на која страница и да свртиме, во оваа изборна програма,повторно и повторно ке видиме една брутална и безобразна и понижувачка ЛАГА

Да заклучиме и констатираме: ако на СДС најдобриот избор за градоначалник на општина Бутел, беше г-динот Смилевски, не е ништо друго туку уште една во низа капитална ЛАГА.

Битката за подобро утре во овие четири години на територијата на општина Бутел ,за жал е изгубена.

Бутел денес е корумпирана општина со многу криминал и насилие.

Бутел денес е најзагадена општина со нови диви депонии и смет.

Бутел денес е се она што не смее да биде во идните четири години.

Но, сепак идат подобри денови со подобро утре. Многу скоро на локалните избори, ова раководство на СДС, како резултат на несработеното, а ветено од г.Смилевски, ќе има можност да го почувствува сиот револт и гнев од прелажаните Бутелчани.

Пишува, Мердџановски Кирчо, член на ВМРО-ДПМНЕ ОК Бутел.

ЕУРО 2020

Македонија