среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 10
home Скопје

Камиказа од Левица: Би гласал за Шилегов (ВИДЕО)

Камиказа од Левица: Би гласал за Шилегов (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Петар Георгиевски- Камиказа доколку тој не бил кандидат, својот глас би го дал за кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

Тоа тој го изјави во дебатата на ТВ 24 заедно со другите кандидати за Скопје.

На прашањето за кого ќе гласате ако не бевте кандидат, Георгиевски- Камиказа без двоумење веднаш рече „За Шилегов“.

Со ова се потврдува изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој изјави дека глас за Левица е глас за СДСМ, бидејќи тие две се лице и опачина на една паричка.

-Што е заедничко помеѓу едните и другите. Пред Нова Година, Заев одговарајќи на едно прашање на претседателот на таа политичка партија, постави контра прашање дали е точно или не дека му обезбедил логистика и финансиски средства за да работат против ВМРО-ДПМНЕ и дека му било ветено дека ако освојат пратеници ќе ги поддржуваа политиките на СДСМ, рече Мицкоски на дуелот на Канал 5 ТВ, каде дебатираше со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Локални избори 2021