понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 38
home Скопје

Каква порака им праќа Шилегов на скопјани со дрвото Гинко билоба, плодовите на тоа дрво се користат за ерективни дисфункции

Каква порака им праќа Шилегов на скопјани со дрвото Гинко билоба, плодовите на тоа дрво се користат за ерективни дисфункции

Денес Петре Шилегов помпезно го насади дрвото од видот Гинко билоба на местото каде претходно го урна споменикот на Ќосето.

Хор, песни, говори, изјави. Иако атмосферата беше како да се отвора нов скопски булевар, во ќошот пред судовите се засадуваше обично дрво од видот на Гинко билоба.

Но доколку се провери за какво дрво станува збор ќе се видат многу научни трудови кои кажуваат дека дрвото се користи за ерективни дисфункции, и дека од плодовите од тоа дрво се прават масла кои ги решаваат проблемите за потентност.

Па така реномираниот сајт Здрава линија ова дрво го сврстува меѓу 5 те лекови за третирање на ерективните дифункции.

Доколку се изгугла ова дрво ќе се види дека самиот гугл пребарувач во најголема мера ги вади податоците за кои се интересирале корисниците на интернет.

Се поставува прашањето каква порака Шилегов им праќа на Скопјани со долгонајавуваното дрво, и која му е целта на ваквиот потфат? На шега се вели дека не е случајно што е пред комплексот судови. Останува и дилемата колку пари ги чини скопјани ова дрво.