среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 137
home Скопје

Каде се ветените градинки на Велимир Смилевски? (ВИДЕО)

Каде се ветените градинки на Велимир Смилевски? (ВИДЕО)

„Во Расадник ќе има нова градинка, во „Климент Охридски“ ќе има градинка во училиштето. Ќе ги растеретиме сите тие работи. Училиштето што е во Визбегово, тоа малото ќе го направиме градинка. Има план, има програма“.

Ова градоначалникот на Бутел го говореше за време на својата кампања пред локалните избори. Велеше дека има план и програма, но тоа што со сигурност го нема е реализација.

Повеќе од две години откако ја доби довербата од граѓаните на Бутел, Велимир Смилевски заборави што ветуваше во замена за гласови.

Во неговата програма имаше ветено:

Не било лага само прашањето ШТО ќе направи, туку и КОГА ќе направи.

Рокот за овие ветувања му е 2018-та година, а за помалку од еден месец ќе биде 2020-та година.