среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Скопје

Кабинетот на Курто Дудуш: Приведениот за поткуп беше шофер, а не советник

Кабинетот на Курто Дудуш: Приведениот за поткуп беше шофер, а не советник

Вработениот во општина Шуто Оризари, за кого Скопското обвинителство предложи мерка притвор од 30 дена за барање поткуп, а СВР-Скопје поднесе кривична пријава, не бил советник на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, туку бил возач, соопшти денеска Кабинетот на градоначалникот.

Кабинетот на Дудуш нагласува дека општината Шуто Оризари и градоначалникот имаат јасни заложби за борба против корупцијата, зачувување на законите и имплементирање на правда, врз кое било правно или физичко лице.

-Граѓаните на РМ очекуваат спроведување на целосна, а не селективна правда врз сторителите на кривични дела без разлика дали се работи за случаи на мито од илјада денари и мито и корупција од милионски суми, додаваат од Кабинетот на Дудуш.

Коронавирус