вторник, 10. мај 2022. Вести денес: 0
home Скопје

ЈСП со важно соопштение за студентите

ЈСП со важно соопштение за студентите

Од ЈСП-Скопје ги информираат корисниците на годишен студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз дека до крајот на идниот месец имаат право на бесплатен превоз и со непродолжен/незаверен билет за тековнава година.

При користење на превозот, а во случај на линиска контрола, студентите имаат обврска да приложат „Скопска“ со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет, кој притоа не им е продолжен, но контролорите не смеат да им издадат записник/казна.

Од 1 март, секој студент кој ги исполнува условите за посочениот тип на билет, а истиот не го заверил/продолжил, во случај на контрола ќе добие казна, доколку евентуално не поседува друг тип на билет, уредно валидиран.

Во случајов, ЈСП Скопје излезе во пресрет на барањето на УСС (Универзитетско студентско собрание) при УКИМ, кое неодамна побара продолжување на рокот за продолжување на важноста на студентскиот билет, со оглед на актуелната ситуација со Ковид-19, која, како што наведоа, на одредени факултети им предизвикува потешкотии при организација и распределба на документацијата потребназа продолжување на важноста на билетот.

-Потсетуваме дека право на користење на билетот имаат сите редовни студенти на државните факултети во Скопје до додипломски студии, без ограничување на возраста. Важноста на билетот се продолжува секоја учебна/календарска година. На студентите кои првпат запишуваат прва година и го користат правото на билет за бесплатен превоз, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година.
Останатите студенти,важноста на билетот ја продолжуваат со потврда за редовен студент не постара од 1 месец и запишан зимски/летен семестар. Продолжувањето на важноста на билетот се врши во центрите за персонализација на ЈСП. Годишниот студентски билет за бесплатно користење на јавен превоз не важи во ноќна тарифа, велат од ЈСП-Скопје.

Коронавирус