недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 77
home Скопје

ЈСП Скопје: Утре ќе работат само 3 билетарници, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП Скопје: Утре ќе работат само 3 билетарници, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, утре ќе работат само три билетарници на ЈСП- Скопје.

Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Истиот ден, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред.