понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 169
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

ЈСП пушти во употреба билет за едно возење, еве каде може да се купи

ЈСП пушти во употреба билет за едно возење, еве каде може да се купи

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека во употреба е пуштен билетот за едно возење.

Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на ЈСП Скопје. Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

-Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, велат од ЈСП.

Цената на останатите видови билети останува непроменета.

-И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично. Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон, информираат од ЈСП.

Коронавирус