четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Скопје

ЈСП: Неколку автобуси во недела со изменет режим на сообраќање

ЈСП: Неколку автобуси во недела со изменет режим на сообраќање

ЈСП ја информира јавноста дека во недела, во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА).

Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“.

Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници.

Коронавирус