петок, 25. септември 2020. Вести денес: 16
home Скопје

ЈСП ги демантира натписите за бројот на нови вработувања

ЈСП ги демантира натписите за бројот на нови вработувања

ЈСП испрати реакција во врска со написите за планираните вработувања за 2019 година. Тие велат дека новинарите неправилно го толкувале планот за вработување кој е објавен од ЈСП.

Нивниот демант го пренесуваме во целост:

Појаснување за табела 1

Во првиот ред (а) Моментално вработени во институцијата се внесува бројот на вработените во институцијата во моментот кога планот се изготвува и тоа вкупно и по припадност на заедница (во нашиот случај тоа е 12.03.2018 година ), во тој момент веќе сме имале активен план за тековната 2018 година кој пак е изготвен претходно така да во Табела бр. 1 во редот внесени се потатоците за планирани вработувања за 2018 година (233 вработувања) од годишниот план од 2018 за кој исто така имаме согласност од Советот на Град Скопје како и позитивно мислење од страна на МИОА.  А во редот б се внесени планираните пензионирања заклучно со 31 декември 2018 годиниа кои изнесуваат 30.

Во табела бр. 5 од образецот на годишниот план се внесуваат податоците за бројот на вработените во инсистуцијата кои ќе се пензионираат во наредната година односно во 2019 година што во нашиот случај се 60,  како и работното место, организационата единица и датумот на престанок на работниот однос. А табеларниот приказ по припадност на заедници е уреден во Табела 5.

Во табела бр. 6 од образецот на годишниот план се внесуваат податоците за работните места кои се планираат да се пополнат преку нови вработувања во следната година односно нашиот случај за 2019 година кој изнесува 170.

Во табелата потребно е да се пополни работно место кое се бара, организациона единица, причина: зголемување на надлежност на институцијата или обемот на работа на организационата единица, причина: пензионирање или најавено заминување како и табела колку месеци во следната година се планира д му се исплаќа плата на новиот вработен и колкав буџет ќе биде потребен за плата на новиот вработен во следната година изразено во денари во бруто износ.  Табеларниот приказ на број на работни места кои се планира да се пополнат преку нови вработување во следната година е изразен во табела 7.

Планот секогаш се прави до 31 март во тековната година за наредната година  (пример планот за 2019 година треба да се подготви до 31 март во 2018 година) за да може планираните вработувања да влезат во буџетот за следната година. ЈСП СКОПЈЕ постапило согласно законските прописи и Годишниот план за вработување за 2019 година  го има изготвено до 31 март 2018 година а за кој има добиено согласност од страна на Советот на Град Скопје на деветтата седница одржана на 11 април 2018 година а Позитивно мислење од страна на Министерството за информатичко општество и администрација на 21.08.2018 година. Во овој случај ние правиме Измена на Годишниот план за вработување за 2019 година без дополнување ( пример: На местото на Раководител на сектор за правни и општи работи е ставено Раководител на сектор за подршка на директорот и сл. ), измените не се од суштински карактер бројот не го менуваме а и резултатот од балансерот е идентичен. Кога се поднесува измената на Годишен план за вработување до МИОА потребно е да биде во форма на пречистен текст.

Податоците од Табела 8 се внесуваат во онлајн калкулаторот Балансер.

Да напоменеме дека на Седницата на Советот на Град Скопје на кој се разгледуваше годишниот план за вработување, исцрпно објаснување на планот имаше и неговиот изготвувач, Раководителот на одделението за управување со човечки ресурси од ЈСП Скопје, но, ниту еден медиум истото не го пренесе!

Како куриозитет ви го посочуваме и исходот од гласањето на советничката Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ, која најави дека ќе гласа „за“ планот.

Серијата написи на темата вработувања, последни од повеќедневните прозивки во медиумите на адреса на ЈСП Скопје, нема да бидат причина актуелното раководство да потпадне под нивен притисок, како и на разните инсинуации и наводни скандали за кои информираат одредени медиуми.

Напротив, сето ова е причина плус во посветеноста на менаџирањето на претпријатието од страна на актуелното раководство.

 

Коронавирус