вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Скопје

ЈСП дозволи влез на кучиња придружници во автобусите: „Граѓаните да се воздржат од негативни реакции“

ЈСП дозволи влез на кучиња придружници во автобусите: „Граѓаните да се воздржат од негативни реакции“

ЈСП Скопје одлучи да им излезе во пресрет на лицата со посебни потреби со куче придружник и да им дозволи непречено користење на услугите.

Имено, ќе биде дозволен влез на кучињата придружници во возилата на ЈСП и во кабините на Жичарницата.

-Одлуката е донесена со оглед на фактот дека кучињата придружници се од голема помош на посочената категорија лица, имајќи во предвид дека тие им се од голема корист како дополнително помагало во извршување на секојдневните обврски и активности. Апелираме и до останатите јавни институции, маркети, кина, театри, трговски центри, да донесат соодветна одлука, а со тоа автоматски да се вклучат во подигнување на јавната свест за отворени врати и слободен пристап на кучињата придружници на лицата со хендикеп. Ги повикуваме сите корисници на нашите услуги да се воздржат од негативни реакции доколку се доведат во ситуација да се возат со лице со куче придружник имајќи во предвид дека кучињата се безопасни по околината, тие се специјално дресирани со намена за придружба и движење на посочената категорија лица, се наведува во соопштението на ЈСП.