понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 89
home Скопје

ЈСП денеска и утре ќе вози по неделен возен ред

ЈСП денеска и утре ќе вози по неделен возен ред

По повод празниците Бадник и Божик автобусите од скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и Жичарницата на Водно, информираат од ЈСП – Скопје.

Денеска и утре автобусите ќе сообраќаат по неделен зимски возен ред, а жичарницата на Водно отворена за посетители ќе биде од 10 до 17 часот.

Денеска линијата 25 кон Средно Водно ќе сообраќа по делничен зимски возен ред, додека линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат. На 7 јануари (Божик, вторник) сите три линии кон Средно Водно ќе возат по неделен зимски возен ред.

Од ЈСП – Скопје информираат дека на денеска и утре дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар од 7 до 19 часот и во Ѓорче Петров од 7 до 13 часот.

Коронавирус