сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Скопје

ЈП Лајка – уште една предизборна лага, наместо грижа за животните се трошат пари на луксузен мебел

ЈП Лајка – уште една предизборна лага, наместо грижа за животните се трошат пари на луксузен мебел

Стационар за уличните кучиња во Скопје најверојатно ќе остане само уште едно предизборно ветување на моменталната градска власт на чело со Шилегов. Долговетуваниот проект на локалната самоуправа останува само мртво слово на хартија. Поминаа три години се формираше ЈП Лајка, се назначи директор, УО, се наместија луѓе на плата, но никако да профункционира за вистинската намена, за згрижување, кастрирање и чипирање на кучињата.

Стационар немаме, кучињата се шетаат по улиците, а ЈП Лајка, формирано од градски пари, троши дополнителни 5 милиони денари за набавка на мебел и друг вид на опрема која спаѓа во делот на луксузно опремување за потребите на администрацијата, отколку во делот нужни потреби за отпочнување со работа на стационарот и неговата основна цел згрижувањето на уличните кучиња. За сума од 5 милиони денари доколку истите не беа фрлени за мебел и компјутерска галантерија можеше да се кастрираат над 1000 кучиња.

Ова е документ од јавна набавка од кој се гледа дека Тина Петрушевска, која е именувана за директор на оваа ЈП планира да потроши пари од претпријатието наменето за згрижување на кучиња на лични удобства.

Бројката со бездомни кучиња во Скопје е повеке од аларматна , веке година ипол како што не се врши кастрација и стерилизација на кучињата.

Секојдневно имаме труења на кучињата , гледаме згазени кучиња, измачувани, кучиња со заразни болести по улиците која болест може многу често и да се префрли на луѓе, имаме безброј напади на луѓе кои потоа го тужат град Скопје, кој подоцна треба да исплати отштета.

Голготата со ЈП Лајка продолжува, како и таа на бездомните кучиња, но пред се на граѓаните кои често се и жртви на ненавремената реакција на градските власти.

 

Коронавирус