сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистила 3.060 кубни метри отпад од диви депонии во период од една година

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје расчистила 3.060 кубни метри отпад од диви депонии во период од една година

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ во изминатата година расчистиле и подигнале 3.060 кубни метри, што е значително зголемување во однос на истиот период лани.

– Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работат на расчистување на дивите депонии во сите скопски општини, а во периодот од октомври 2017 до октомври 2018 година, биле во целост расчистени и подигнати 3.060 кубни метри отпад. Овие податоци претставуваат значително зголемување од дури 716 отсто во однос на истиот период минатата година, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Шабани, како што се наведува во соопштението од јавното претпријатие, апелира до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини, бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина.

На територијата на градот Скопје, како што се посочува, секојдневно се создаваат диви депонии како резултат на неправилното одлагање на отпадот на јавни површини од страна на граѓаните.

Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во  Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.

МИА

Коронавирус