недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Јаревски: Секое утро иста или слична глетка и тоа со мал број зависници од Карпош (ФОТО)

Јаревски: Секое утро иста или слична глетка и тоа со мал број зависници од Карпош (ФОТО)

Предмалку на својот фејсбук профил Тони Јаревски објави фотографија на која се гледа со што се соочуваат граѓаните на Карпош.

„Секое утро иста или слична глетка. И тоа со мал број зависници од Карпош. Сега другарчињата на Боки13 од СДС решиле да ги донесат за терапија и зависниците од Љака, Грчец, Кондово цел Сарај и Ѓ. Петров.

Замислете ја глетката потоа. Имаат право што се гневни граѓаните.Ова се слики од место каде во радиус од 500м се три големи средни училишта, едно основно, трговски центар, ах да, и просториите на Општината. Прав рај за “сомнителните типчиња” од тротоарите, вистински кошмар за граѓаните што живеат во Карпош и се секојдневно сведоци на истото.

П. С Сарај има и простор и персонал за згрижување на зависниците што сега сакаат да ги наметнат и третираат во Карпош“ пишува на својот фејсбук статус Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.