четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Јанчева со недоличен однос: Наместо претседател на совет-партиски војник на Шилегов, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата

Јанчева со недоличен однос: Наместо претседател на совет-партиски војник на Шилегов, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата

Постојани навреди, дофрлувања, недолични политички квлификации, некултурно однесување, повреда на процедурите е сликата за работата на Љубица Јанчева која е претседател на советот на град Скопје.

Советниците на опозицијата велат дека Јанчева прави грубо узурпирање на функцијата претседател на совет, но и на правата на советниците, одземајќи им го правото дадено со Деловникот на демократско изјаснување.

-Имаме позиција каде се приватизира функцијата претседател на советот и се гуши правото на опозицијата да критикува. Не изостануваат и навреди на лична основа. Петре Шилегов несака да го чуе различното мислење, ниту пак критика за неговата неработа и нефункционалност. Шилегов како градоначалник нема исполнето ништо, нема ниту еден капитален проект, додека започнатите од минатото се закочени во целост. Неговата работа се сведуваа на козметички зафати, без суштина и решавање на проблемите, ако по утрото денот се познава Шилегов ќе биде најкатастрофалниот градоначалник на Скопје, изјавуваат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Велат секоја дискусија и критика кон работата на градоначалникот Шилегов е пропратена со прекини од Јанчева која дофрла политички квалификации, полемизирајќи со советниците и одземајќи им го правото на збор, нешто што е недопусливо за еден универзитетски професор, а не пак за претседател на Совет кој треба да биде непристрасен и професионален во својата работа, велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Некои прашања не заслужуваат одговор, е само една од репликите и честите упади кои ги прави Јанчева во обраќањата на советниците од опозицијата. Нејзиното однесување наликува на маалски разговор на клупа и приземна демонстрација на сила, што говори за слабост на карактерот и непознавање на процедурите, како и недораснатост на позицијата која ја има, истакна советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Поради ваквото однесување и грубата повреда на Деловникот советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја напуштија работата на последната седница на Советот.

Коронавирус