понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 57
home Скопје

Јакимовски: За Шилегов трамвајот испадна како вселенска станица, а трамваи имало и пред 120 години, гасификацијата пак мисловна именка

Јакимовски: За Шилегов трамвајот испадна како вселенска станица, а трамваи имало и пред 120 години, гасификацијата пак мисловна именка

Во изминативе 4 години не можев да видам некој градоначалник кој се издвојува со своето работење и решавање на проблемите на граѓаните и сметам дека многу тешко дека некој треба да добие преодна оценка, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за „Студио 10“ на 24 ТВ.

Јакимовски потенцираше дека градоначалникот на Скопје, Шилегов единствено може да се пофали со ситници, но кога сме кај крупните проекти нема ниту еден проект кој ќе го остави позади себе.

– 4 години не се малку и за толку време се решаваат многу проблеми, го видовме Луна паркот дека нема да се гради . За нас трамвајот испадна вселенска станица, како да треба да летаме во вселената, а трамвај други имале и пред 120 години и тоа на Балканот како Босна, Србија, Хрватска, гасификацијата е мисловна именка, зошто Скопје не се гасифицира, што е со повеќе сообраќајници кои треба да се направат, зошто не се направи јужна обиколница, зошто не се заврши булевар Теодосиј гологанов од како што треба и да заврши во Драчево? Градоначалникот на Скопје мора да направи крупни работи по што овој град ќе го памети и по кои овој град ќе оди напред, истакна Јакимовски.

Тој посочи дека и другите градоначалници во Скопје потфрлија посочувајќи го градоначалникот Карпош, Стефан Богоев кој за 4 години се фали само со две градинки кои се започнати уште пред тој да го добие мандатот.

– Го гледав градоначалникот на Карпош, Богоев кој се пофали дека најкрупни проекти му се градинката во Бардовци и градинката во Тафталиџе., но за градинката во Бардовци јас го објавив тендерот и има снимки од камен темелникот кога се фрлаше, и градоначалникот нема што повеќе да каже од две градинки кои се правени во мое време, нагласи Јакимовски.

Коронавирус