среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Јакимовски: Секој млад човек кој ќе наполни 18 години Општина Карпош ќе му плати полагање за возачка обука

Јакимовски: Секој млад човек кој ќе наполни 18 години Општина Карпош ќе му плати полагање за возачка обука

Јас бев коректен кон моите противкандидати, се кандидираат првпат и логично да не ги познаваат тие работи, за разлика на пример од Петре Шилегов кој се обидуваше да ги омаловажи противкандидатите. Јас тоа не го правев, затоа што веројатно 2006-та година кога првпат се кандидирав, а изгубив не сум бил ниту јас подобар и не сум ги познавал ниту јас работите. И поради тоа имам респект кон луѓето дека недоволно ја познаваат материјата. Некои кандидати бајаги гласови земаа, а покажаа тотално непознавање. Но, она што е битно за тие 30-тина дена се учи, и општо да е“, истакна Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на општина Карпош во гостување во радио Лидер.

Јакимовски додаде дека не може цело време да говори кандидатот за бетонизација, урбанизација, дека ќе поништува планови и ќе прави ревизии и ништо друго од проекти да не каже.

-Сметов ќе оди под земја, ќе направиме боксови под земја, ќе ставиме подземни контејнери и горе воопшто нема да има контејнери. И треба да ги зголемиме капацитетите, на пример ако сега на едно место им е 3 контејнери по кубик или 0.700, ние ќе ставиме да речеме од прилика 7 кубика. Треба да се зголеми капацитетот. Треба да се потрудиме веќе смет да не се гледа, ако не друго барем по главните улици. Треба да ги замениме на сите и реконструираме сите лифтови на згради изградени пред 1990-та година. Да ги замениме сите фасади пред 1990-та година. Да нема повеќе азбесни кровови во Карпош, се што ќе видите бел кров во општина Карпош ние само исклучиво само бел лим даваме. Секој млад човек кој ќе наполни 18 години Општина Карпош ќе му плати полагање за возачка обука. Брачни парови во Карпош, Бардовци се што имаме државно земјиште ќе направиме мали парцели по 200 квадрати ќе им се даде, и нема да се плати комуналии. На брачните парови само задача е да се изградат куќа, вети Јакимовски.

Јакимовски додаде дека проектите кои ги нуди на граѓаните на Карпош се реални и остварливи.

Коронавирус