вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 217
home Скопје

Јакимовски: Ќе ги менуваме и реконструираме лифтовите во зградите

Јакимовски: Ќе ги менуваме и реконструираме лифтовите во зградите

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ќе продолжи со проектот за зголемување на безбедноста во зградите со менување и реконструирање на дотраените лифтови.

Јакимовски потсети дека во периодот од 2013 до 2017 година се заменети и реконструирани 34 лифтови и во исто време најави дека ќе продолжи таму каде што застана пред четири години при што ќе бидат опфатени сите згради изградени пред 1990 година.

– Од 2013 година до 2017 година заменивме и реконструиравме 34 лифтови. За тоа издвоивме некаде околу 400 илјади евра. Ќе продолжиме и понатаму, заедно со граѓаните на Карпош да ги реконструираме и заменуваме лифтовите во сите згради изградени пред 1990 година. Со тоа сакаме да ја подобриме безбедноста на сите граѓани кои што живеат тука во општина Карпош, најави Јакимовски.

Локални избори 2021