сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 61
home Скопје

Јакимовски: Карпош има потреба од изградба на нови паркови, кејот покрај реката Вардар заслужува да биде разубавен

Јакимовски: Карпош има потреба од изградба на нови паркови, кејот покрај реката Вардар заслужува да биде разубавен

Карпош како треба да се развива, според мене општината Карпош засега инфраструктурно е солидно решена. Ако се земе од аспект на сообраќајот. Значи поврзаноста на главните улици, главните артерии се „Теодосиј Гологанов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Осми Септември“, улицата „Рузвелтова“, „Московска“ со „Љубљанска“ и секако улицата „Козле“ и улицата „Скупи“. Значи ние север – југ имаме одлична комуникација, како и исток – запад“,истакна дека Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Јакимовски додаде дека скоро сите 200 и неколку улици се реконструирани, решени инфраструктурно, значи и со атмосферски канализации.

-Од друга страна имаме потреба овој временски период за разубавување на општината, за подигање на енергетската ефикасност, за изградба на нови паркови, за разубавување на тие паркови. Мојата идеја е да отвориме уште еден цел простор покрај кејот на реката Вардар и на самиот кеј, појасни Јакимовски.

Јакимовски посочи дека во текот на утрешниот ден ќе презентира проект како да се разубави кејот покрај реката Вардар, значи до ролерската патека се прави велосипедска патека, па потоа ќе има тревник со хортикултурно уредување, со урбана опрема, тартан стаза, пешачка зона со урбана опрема исто така.

-Нашата цел е да направиме нови 200.000 м2 парковски зеленила, појасни Јакимовски.

Коронавирус