вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Скопје

Извршена првата фаза од авионско прскање против комарци

Извршена првата фаза од авионско прскање против комарци

Првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје беше извршена во раните утрински часови, соопштија од Град Скопје.

Воедно, потсетуваат дека денеска ќе започне и терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, а ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (четврток). Предвидено е прскањето од земја да се реализира во период од 23:00 до 04:00 часот.