четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 86
home Скопје

Извештаите на скопските јавни претпријатија откриваат загуби, зголемени трошоци за патувања и недомаќинско работење

Извештаите на скопските јавни претпријатија откриваат загуби, зголемени трошоци за патувања и недомаќинско работење

На вчерашната седница на Советот на Градот Скопје се расправаше за годишните извештаи на повеќе Скопски јавни претпријатија.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, посочи дека самите извештаи говорат за негативните параметри кои ги остваруваат повеќе директори на овие скопски претпријатија што упатува на несовесно работење, но и индиции за одредени злоуотреби.

Тој посочи дека Јавното претпријатие „Водовод“ за цела 2018-та година има произведено 103 милиони кубни вода, а има фактурирано само 38 милиони кубни вода, или нефактурирани  се 65 милиони кубни вода.

-Овие бројки преку пластичен пример би значеле дека една фабрика за автомобили годишно произведува 103 автомобили, од кој продава само 38, а останатите 65 ги остава во отпад, и ваквото работење никако не може да се нарече успешно, истакна Галески.

Додека претпријатието бележи годишна загуба од 54 милиони денари, претпријатието ја зголемува стакавката за дневници за службени патувања, ноќевања и патни трошоци за над 9 пати. Односно од 113 илјади денари колку што се потрошило во 2017-та година, во 2018та година станале над 1 милион денари, дополни советникот на ВМРО-ДПМНЕ Галески.

-Можеби најскандалозно е што претпријатието на вака негативен извештај има трошоци за правни, адвокатски и нотарски услуги од 66 милиони денари за 2018та година. И не е спорно дека се потрошени овие средства туку спорен е начинот на кој се потрошени парите. Според информации допстапни од медиумите кои беа објавени, адвокатската канцеларија на пратеничката на власт Снежана Калевска Ванчева добила 48 илјади евра од ЈП Водовод, а еден од ангажираните адвокати бил организацискиот секретар на СДСМ и советник на премиерот Зоран Заев, Зечевиќ, кој инкасирал 77.000 евра, истакна совеникот Галески.

Имено според него проблематичен е и извештајот на Јавното Претпријатие ЈСП. За  2019 та година се предвидува да се оствари добивка од само 207 илјади денари, но за скоро дупло од ова минататагодина биле зголемени надоместоците за управен и надзорен одбор на претпријатието.

-Добро е што директорот си задал за цел да се бори да оствари добивка за цела година иако таа е од само 207 илјади денари, но проблематично е тоа што додека тој ова го прави не му пречело да се зголемат трошоците за паушалитена  членовите на Управен и Надзорен одбор за 406 илјади денари повеќе, односно за паушали наместо  1 451 000 денари сега се троши 1 857 000 денари повеќе. Паушалите за управниот и надзорен одбор се зголемени и на ЈП Улици и Патишта, истакна Галески.

На ваквие наводи збор зема градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека работитте треба да се гледаат од почеток и од еден поширок контекст.

-Претпријатијата за кои говорите работеа и порано со загуба и се превземени со огромни долгови. Воедно има покачувања на трошоците за управни и надзорни одбори кај претпријаијата кои работат позитивно и остваруваат добивка, истакна Шилегов.

Градоначалинкот Шилегов во однос на начинот на кој се делат средствата од страна на ЈП Водовод на адвокатските друштва посочи дека тоа е обврска која е наметната од претходната власт, односно работите од посложен каракер да се делат на адвокатски друштва и дека целата распределба е согласно законските процеси.

-Не треба да се политизира начинот на кој се делат парите. Имено во минатото неколку адвокати иедна нотарка блиски до власта беа тие ги добиваа зделките од претпријатијата. Сега има поголема конкуренција, и се доделуваат работите низ транспарентен процес, посочи Шилегов.