сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 61
home Скопје

ИСИС во Сирија и СДСМ во Македонија рушат споменици: Во 3 часот изутрина на шверцерски начин тргнат Ќосето

Ваков начин на отстранување на споменици не е запомнет на овие простори. Истиот наликува само на она што ИСИС го прави во Сирија, па по нивни стапки и СДСМ го прави тоа во Македонија.
ИСИС во Сирија и СДСМ во Македонија рушат споменици: Во 3 часот изутрина на шверцерски начин тргнат Ќосето

Споменикот на Андон Ќосето ноќеска во 3 часот по полноќ е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје.

Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито.

Ваков начин на отстранување на споменици не е запомнет на овие простори. Истиот наликува само на она што ИСИС го прави во Сирија, па по нивни стапки и СДСМ го прави тоа во Македонија.

Бура од реакции на социјалните мрежи. Граѓаните порачуваат дека кога веќе СДСМ ништо не гради, тогаш не смее ниту да руши.

Според граѓаните, со овој шверцерски начин на отстранување на споменици, власта на Зоран Заев и Град Скопје предводено од Петре Шилегов, како и општина Центар на Саша Богдановиќ,  ја разлутија јавноста.

Коронавирус