среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Скопје

Инвестициите во Зоо Скопје се финиш на повеќегодишниот план започнат пред неколку години

Инвестициите во Зоо Скопје се финиш на повеќегодишниот план започнат пред неколку години

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ја поздрави најавата за пристигнување на двата слона во Зоолошката градина во Скопје, со што ќе се зголеми понудата на оваа јавна институција на Градот Скопје.

-Сакаме да ја потсетиме јавноста дека носењето на овие два слона е кулминација на повеќегодишно планирање и инвестирање на ова поле, кое финишираше со изградбата на ново живеалиште за слонови, кое е започнато и во најголем дел изградено додека градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски. Имено, станува збор за проект кој се доби живеалиште за слон се состои од внатрешен и од надворешен дел, кои е поделен на два дела за два слона, а за чија изградба беа издвоени 26 милиони денари, велат советниците.

Ова живеалиште, чија изградба започна во 2015 година, се изгради на парцела со површина од 3.200 метри квадратни, а во него се изгради и објект со површина од 400 метри квадратни. Со изградбата на ова живеалиште, се создадоа услови за набавка на слонови во Зоолошката градина во Скопје по повеќе од 25 години.

-Покрај живеалиштата за слоновите, во мандатот на Коце Трајановски се случи вистинска револуција во работењето на Зоолошката градина, каде од еден запуштен простор со мизерни услови за животните, стана една од најквалитетните зоолошки во регионот, каде во периодот од 8 години беа инвестирани повеќе од 85 милиони денари во нови живеалишта, инфраструктура и набавка на нови животни. Во тој период, Зоолошката градина, доби нови живеалишта за морски лавови и фламинго, нови живеалишта за слонови, а во финална фаза на изградба беа и живеалиштето за пингвини, надворешното живеалиште за шимпанза, живеалиште и нова жирафа. Овие 8 години беа пуштени во употреба и живеалишта за повеќе од 40 видови животни, меѓу кои и за лавови, ракуни, крокодили, леопарди, рисови, кенгури, ему, црн лебед, папагали, грабливи птици, антилопи, срни, гибони, егзотични птици, терариум за рептили со живеалиште за меркати и многу други, додаваат советниците.