понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 17
home Скопје

Инфомакс: Шилегов фpлa пари за вработување инcпeктopи, а дивaтa дeпoнија во Аеродром никој нe ја чепка

Инфомакс: Шилегов фpлa пари за вработување инcпeктopи, а дивaтa дeпoнија во Аеродром никој нe ја чепка

Ново вработување на инспектори и редари од страна на град Скопје не очекува од наредниот месец, 30 – тина нови плати кои треба да се двојат од буџетот, а ефект нула. Градот е позагаден од било кога, смет по улиците, загадувачи на секаде, а од пред месец дена и дива депонија во сред Аеродром, анализира Инфомакс.

Екипата на „Инфомакс“ неделава беше на местото кое требаше да биде парк, а сега е претворено во дива депонија, каде според кажувањето на жителите локален моќник наплаќа за истураање на градежен шут 400 денари од камион. Тоа што некогаш требало да биде парк, а сега е депонија, е оградено со ограда, а сметот се истура систематизирано на повеќе површини.

Според информациите на жителите на ден се истураат и по 100 – тина камиони градежен шут.

Целата сторија на Инфомакс.