среда, 4. август 2021. Вести денес: 41
home Скопје

Игралиште или пасиште во Аеродром: Деца си играат, а до нив пасат овци – Марин како изреката „Село гори, баба се чешла“(ФОТО)

Игралиште или пасиште во Аеродром: Деца си играат, а до нив пасат овци – Марин како изреката „Село гори, баба се чешла“(ФОТО)

На игралиштето кај паркот со авиончето во општина Аеродром денес бевме сведоци на несекојдневна глетка.

Цело стадо овци, среде оваа скопска општина, беа пуштени да пасат трева во близина на игралиште каде во тие часови имаше огромен број на деца.

Непријатна миризба се шири низ цела општина, особено во овој дел до реката Вардар. Дополнително, црн густ чад се издигнуваше и мирисаше ужасно насекаде.

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, треба да си ги пушти инспекциите на терен. Сигурни сме дека ќе имаат полни раце работа затоа што ова е само еден од проблемите во општината. Ако за него е нормално, среде една од најурбаните македонски општини, слободно да се носи на пасење цело стадо овци, за граѓаните сигурно не е.

Ѓубре насекаде, “закрпени“ улици, дупки, раскопани тротоари, палење на отпад што дополнително го загадува воздухот во најзагадената општина… па ни фалеа уште овци. Еве ги, дојдоа и тие.

Среде бел ден, среде еден од најпрометните булевари, во еден од најпосетените паркови за деца, Аеродром доби и пасиште.

По принипот „Село гори, баба се чешла“, градоначалникот на СДСМ не паметиме кога последен пат сме го виделе да излезе меѓу граѓаните и да спроведе некој од проектите кои чекаат со години по неговите ветувања.

Општината за која ветуваше дека ќе ја разелени, остана да чека зеленило. А тоа зеленило кое го има, сега е храна за овци.

Коронавирус